19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДебакл на Интер на „Меаца“, Фиорентина лидер во Серија А

Дебакл на Интер на „Меаца“, Фиорентина лидер во Серија А

fiorentina 0033

Фудбалерите на Фиорентина го совладаа Интер со 4:1 (3:0) во Милано на „Џузепе Меаца“ и по шестото коло се искачија на лидерската позиција во Серија А.

Фиорентина во Милано одигра фантастичен меч, фудбалерите на Паоло Соуса по половина час имаа предност од 3:0, а до крајот на мечот без проблем ја задржа предноста.

Лоша вест тренерот на Интер, Манчини, доби уште пред почетокот на мечот, на загревањето Јоветиќ го повреди бутниот мускул и на неговото место во тимот влета Паласио.

По четири минути игра голманот Хандановиќ реагираше почетнички на една повратна топка од Медел, тој го сруши Калиниќ, а Фиорентина доби пенал кој го реализираше Иличиќ.

Хандановиќ имаше лоша проценка и во 19-та минута, најпрвин го одбрани ударот на Иличиќ но не тргна на одбиената топка мислејќи дека Калиниќ е во офсајд. Хрватскиот напаѓач тоа го искористи и зголеми на 2:0.

Само четири минути подоцна Алонсо лесно го мина Перишиќ нафрли пред голот на Интер каде поентираше Калиниќ.

Дека Фиорентина ќе ги однесе бодовите од Милано беше јасно во 31-ва минута кога Миранда како последен човек во одбраната го сруши Калиниќ поради што доби црвен картон.

Со играч помалку Интер успеа да постигне гол преку Икарди, а конечниот резултат го постави Калиниќ, кој во 78-ма минута го комплетираше „хет трикот“.

Фиорентина по шест кола е лидер во Серија А со 15 бодови и подобра гол разлика од Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП