27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ го освои Суперкупот

МЗТ го освои Суперкупот

mzt-superkup

Кошаркарите на МЗТ го освоија трофејот во „Хуавеј Суперкупот“, откако во финалниот меч славеа над Работнички со 81:62. Турнирот во Суперкупот со кој е означен почетокот на новата сезона се играше во Охрид, а покрај финалистите учестуваа и екипите на Куманово и Кожув.

Финалниот меч во кој силите ги одмерија актуелниот шампион и актуелниот освојувач на Куп трофејот во целост им припадна на играчите на МЗТ, кои како големи фаворити влегоа во него со оглед на тоа дека Работнички со подмладен тим ќе настапува оваа сезона.

Работнички на шампионот му парираше само во првото полувреме, додека во второто МЗТ целосно доминираше и заслужено го освои трофејот.

Симоновски со 17, Мијатовиќ со 16 и Дреновац со 13 поени беа најефикасни кај МЗТ, додека Работнички го предводеше Мираковски со 16 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП