11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПепси го менува шишето

Пепси го менува шишето

pepsi-logo

За прв пат во речиси 17 години, Пепси целосно го менува обликот на познатото шише.

Новата, чудна форма, секако е различна од онаа на која сме навикнати, но потпретседателот за маркетинг Ангелика Крембс сакала да биде сигурна дека потрошувачите го знаат следново, “Ние не сакавме да создадеме форма, која дојде од никаде.”

 

Старата амбалажа на Pepsi

staro-pepsi

Крембс изјави дека формата е всушност слична на старите стаклени шишиња од  шишињата кои се користеле на почетокот. Таа продолжи: “Не е униформа, малку е асиметрично, има малку заобленост и разиграност, што е во согласност со акциите кои ги спроведува Пепси и младешкиот дух.”

Сето ова е дел од обидот на Пепси да го заживее својот имиџ – минус новото лого, кое веќе се случи во 2008 година.

Пепси е компанија посветена на обновување на нејзиниот изглед. Всушност, во декември одвои 50 милиони долари за да ја обезбеди Бијонсе како свој бренд амбасадор.

 

Новата амбалажа на Pepsi

Pepsi New Bottle

 

“Инженерите мора да одат на сите фабрики и да ги променат линиите “, изјави портпаролката Андреа Фоте за АП.

 

Продажбата на Пепси опадна за 4 проценти во Северна Америка минатата година, па да видиме дали овој нов изглед ќе помогне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП