22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБонев, Костова, Ивановски и Николова, победници на трката „Krali Marko Trail“

Бонев, Костова, Ивановски и Николова, победници на трката „Krali Marko Trail“

krali-marko

На отворената сцена на амфитеатарот во населбата Варош ги доделија медалите на победниците на трката „Krali Marko Trail“ – 2015.

Оваа година беа предвидени 3 патеки, со должини од 65 км., 31 км. и 16 км. Добитници на награди на патеката од 31 км се на прво место Марјан Бонев, втор Филип Туманоски и трет Александар Стојкоски. Во женска конкуренција прво место освои Росица Костова, втора Благица Јованов и трета Andrey Voohees.

Добитници на награди на патеката од 65 км се прво место Жикица Ивановски, втор Константин Атанасов, трет Јовица Јованчев, а во женска конкуренција прва е Марија Николова, втора Desiskiva Tsvetanova и трето место Aveta Ralcheva.

„Ова е најдолгиот ваков планински маратон во Македонија. Оваа трка е влезена во светските листи на планински трки и секој кој ќе ја заврши добива 2 поени. За да учествуваш на било која друга ваква планинска светска трка треба да имаш собрано поени“, истакна Трајче Панковски, директор на планинскиот маратон Krali Marko Trails.

На меѓународниот планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“ – Krali Marko Trails 2015, оваа година учествуваа 170 учесници од 7 различни држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП