5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОForbes: Федерер и Ѓоковиќ со најголема заработувачка

Forbes: Федерер и Ѓоковиќ со најголема заработувачка

no

Деветта година во низа Роџер Федерер е тенисерот кој заработил најмногу од турнирските победи и спонзорските договори, објави Forbes. Магазинот, во саботата, ја објави листата на најуспешните во светот на тенисот, во периодот од 1 јуни 2014 до 1 јуни 2015 година.

Според Forbes, Федерер во наведениот период заработил вкупно 67 милиони долари. Овие цифри се доволна причина 34-годиниот Швајцарец се уште да не размислува за крај на кариерата, бидејќи наскоро ќе ја ‘пробие’ границата од 100 милиони само од турнирските награди.

На второто место е првиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, кој во истиот период заработил вкупно 48,2 милиони долари, а трет е Рафаел Надал со 32,5 милиони долари.

Далеку зад овие тројца е Енди Мари со 22,3 милиони долари. Мари од турнирските победи заработил 6,3 милиони, а од спонзорите добива 16 милиони долари.

Кај дамите, прва на листата е Марија Шарапова која заработила 29,7 милиони долари (23 милиони од спонзорите), додека веднаш зад неа е Серена Вилијамс со 24,6 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП