8 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразилскиот суд го ‘замрзна’ имотот на Нејмар

Бразилскиот суд го ‘замрзна’ имотот на Нејмар

bvv

Бразилските власти ги блокирале сметките на Нејмар и заплениле имот на фудбалерот во вредност од 45 милиони евра. Шпанските и бразилските медиуми пренесуваат дека бразилските власти утврдиле дека Нејмар не платил данок во износ од 15 милиони евра.

Според истите извори темелно се истражува и трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона.

За потсетување, Барселона објави дека трансферот на младиот напаѓач на Сантос изнесува 57 милиони евра, но подоцна беше откриено дека каталонскиот клуб, Бразилецот го платил 86 милиони евра, што значи дека Барселона го оштетила шпанскиот буџет за девет милиони евра.

Во документите кои ги објавија медиумите се забележува дека покрај на Сантос и Нејмар, Барселона голем паричен износ издвоила и за родителите на бразилскиот репрезентативец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП