19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ: Инцидентот во Њујорк не влијаеше врз одлуката да се вратам во...

Антиќ: Инцидентот во Њујорк не влијаеше врз одлуката да се вратам во Европа

antic-fenerbahce (1)

Перо Антиќ е еден од најинтересните кошаркари на силниот Меѓународен турнир, кој се одржува во Задар, каде тој учествува со својот нов клуб Фенербахче.

Во Задар за „Јутарњи лист“ тој говори за искуството во НБА лигата и зошто по две успешни сезони ‘преку океанот’ реши да се врати во Европа.

Неговата НБА кариера ја одбележа и инцидент со полицијата во Њујорк, кога заедно со соиграчот Табо Сефолоша беше уапсен.

„Тоа воопшто не влијаеше на одлуката да се вратам во Европа. Ќе добијам уште еден син и не сакав да бидам раздвоен од семејството. Две години се многу. Ме привлече можноста да работам со Обрадовиќ и да бидам дел од екипа која ќе се бори за европската титула“, рекол Антиќ.

Поранешниот македонски репрезентативец го коментира и инцидентот во Њујорк и вели дека со Сефолоша биле во погрешно време на погрешно место.

„Во НБА лигата на играчите не им се забраните вечерните излегувања. Табо излезе од автобусот, сакаше на еден скитник да му даде 20 долари и наеднаш полицијата започна брутално да го турка. Јас излегов да видам што се случува, ма тоа беше чист расизам кој владее со Америка. Табо е црнец, а сите полицајци беа белци. Не сакав да го оставам сам, па полицајците ме приведоа и мене. Никогаш не добивме објаснување за нивното однесување. Полицијата таму убива луѓе, а ништо не се случува“, вели Антиќ, дополнувајќи дека за разлика од Сефолоша тој нема да ја тужи њујоршката полиција.

Македонецот вели дека и покрај тој настан во Њујорк од НБА лигата носи само убави спомени.

„Беше сјајно, не очекував дека ќе играм во просек по 17 минути, дека ќе бидам шести играч. Па ние соборивме неколку клупски рекорди, нешто што не им успеа на легендите пред нас“.

Антиќ проговори и за односот со тренерот Баденхолцер и соиграчите.

„Можеби ќе се вратам еден ден, баш денес се слушнав со тренерот Бад. Човече со 31 година дојдов во НБА лигата, а тие ми ја дадоа торбата со опремата да ја разнесувам. Ја оставив пред вратата и реков: ‘respect’, но јас имам 31 година и не сум никаков rookie“, рекол Антиќ во интервјуто за загрепскиот „Јутарњи лист“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП