20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРозберг на пол-позицијата во Јапонија

Розберг на пол-позицијата во Јапонија

niko 080

Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја освои пол позицијата во пресрет на 14-та трка во шампионатот на Формула 1, Големата награда на Јапонија.

Розберг на легендарната патека во Сузука дојде до втората пол позиција оваа сезона, најбрзиот круг го извозе со време од 1:32.584 минути. Неговиот клупски колега Луис Хамилтон ќе стартува од втората позиција, тој имаше за една десетинка побавно време од она кое го постигна Розберг, откако направи грешка во својот најбрз круг.

Третото место во квалификациите му припадна на Валтери Ботас од Вилијамс, која за четири десетинки задоцни зад најбрзиот Розберг. Вториот стартен ред го комплетираше минатонеделниот победник во Сингапур, Себастијан Фетел.

Најдобрите четворица ги следаа Фелипе Маса (Вилијамс), Кими Раиконен (Ферари), Даниел Рикардо (Ред Бул), Роман Грожан (Лотус), Серхио Перез (Форс Индија) и Данил Квјат (Ред Бул).

Квалификациите ги одбележаа враќањето на возачите на Мерцедес на врвот и Данил Квјат кој во последната минути од третата квалификациска сесија целосно го уништи својот болид, но за среќа тој од инцидентот мина без повреди.

Трката за Големата награда на Јапонија, на патеката Сузука, ќе се вози в недела во 7 часот по средноевропско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП