6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТри натпревари суспензија за Пандев

Три натпревари суспензија за Пандев

pandinjo

Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Италија му изрече суспензија од три натпревари на поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев.

Пандев, кој од оваа сезона го носи дресот на Џенова, доби црвен картон во неделата на натпреварот со Лацио во Рим. Во финишот на мечот, Пандев во обид да се загради со лакт директно во лицето го удри противничкиот играч Маурисио.

Според Дисциплинската комисија стартот на Пандев бил со намера, па поради тоа тој добил максимална казна од три натпревари.

Пандев, кој на почетокот од сезоната е далеку од вистинската форма и сè уште нема постигнато гол за својот нов тим, ќе ги пропушти натпреварите кои Џенова ќе ги одигра против Милан, Удинезе и Киево.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП