6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГонзалес и Штербик: ПИК Сегед е сериозен противник

Гонзалес и Штербик: ПИК Сегед е сериозен противник

gonzales-sterbik

Унгарски ПИК Сегед е екипата против која ракометарите на Вардар ќе ја отворат овосезонската кампања во Лигата на шампионите на домашен терен. Во мечот од втората рунда двата тима влегуваат по победите во воведното коло, Вардар во Монпелје, а ПИК Сегед против Киелце.

„ПИК Сегед е добар противник, тоа го покажа и против Киелце. Ние максимално се подготвуваме за овој меч, се подготвуваме да одиграме добро против нивната 5-1 и 6-0 одбрана. Мора да одиграме подобро отколку во Монпелје, таму не игравме добро во текот на сите 60 минути, тука мора да го сториме тоа“, рече на прес-конференцијата по повод натпреварот со ПИК Сегед, тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, кој дополни дека во ростерот има проблеми со повредите на двајцата средни бекови Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.

„Лука (Циндриќ) имаше дисторзија на скочниот зглоб, денес се чувствува добро, ќе почекаме да видиме како ќе се рехабилитира, но мислам дека ќе може да игра. Карачиќ има проблеми со рамото, понекогаш се чувствува добро, понекогаш не, но сигурен сум дека тој ќе игра“, рече стратегот на Вардар.

Тренерот Гонзалес и голманот Штербик се согласни во мислењето дека противникот нема некои големи ѕвезди и поради тоа тимскиот дух е она што го краси унгарскиот тим.

„Очекувам тежок натпревар поради тоа, бидејќи Сегед е сериозен противник. Можеби името не е актарктивно како Барселона, или Париз, но во последните две години тие го имаат подигнато нивото на играта и резултатски се добри. Тие се едни од подобрите во Европа, минатата сезона го елиминираа Рајн Некар, потоа играа со Кил и испаднаа. Една година претходно не играа во ЛШ, но го освија Купот на ЕХФ. Мислам дека со секоја екипа можат рамноправно да се носат. Лично повеќе се плашам од овој натпревар отколку од дуелите со Барса, бидејќи се размислува дека тоа е ПИК Сегед некако ќе ги добиеме. Би сакал во овој меч да влеземе максимално сериозно, доколку не го направиме тоа тешко ќе стигнеме до победата“, рече голманот на Вардар, Арпад Шетрбик.

Дуелот меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе се одигра во недела (17.30 ч) во СЦ „Јане Сандански“.

Покрај овој натпревар во Б групата ќе се одиграат и натпреварите Барселона – Кристијанштад, Киелце – Монпелје (сабота, 26. септември) и Колдонг Копенхаген – Рајн Некар (недела, 27. септември).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП