3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајгер Вудс има најмногу заработено во последнава декада

Тајгер Вудс има најмногу заработено во последнава декада

vudsi 1

Најплатениот спортист во светот Тајгер Вудс заработил 845 милиони долари во последните 10 години, покажува листата на популарниот американски економски магазин „Форбс“.

Во својата кариера Вудс бил 683 недели на врвот на светската листа на голф, а голем дел од богатството го има акумулирано благодарение на соработката со компании како „American Express“, „Gillette“, „Accenture“ и „AT&T“. До 2010-та година голферот има заработено 100 милиони долари годишно. Во 2009-та година тој беше фатен во неверство и од него се откажаа речиси сите партнери, а поради повреди во последните години Вудс пропушти доста од големите турнири и го зазема 292-то место ма ранг-листата.

Втор на листата на „Форбс“ за последните 10 години е боксерот Флојд Мејведер Јуниор, кој за заработи 660 милиони долари за овој период. Половина од оваа сума, тој ја освои последнава година од борбата со филипинецот Мани Пакијао, а на почетокот на септември Мејведер стави крај на својата кариера, без да загуби ниту еден натпревар на професионалниот ринг. На третата позиција е кошаркарот Коби Брајант од Лос Анџелес Лејкерс со 475 милиони долари.

Првите десет ги дополнуваат само мажи – Леброн Џејмс (472 милиони долари), Фил Микелсон (468 милиони долари), Роџер Федерер (455 милиони долари), Дејвид Бекам (441 милиони долари), Мани Пакијао (432 милиони долари), Кристијано Роналдо (407 милиони долари) и Лионел Меси (350 милиони долари), а единствената жена во првите 20 на листата е Марија Шарапова, која е на 18-та позиција со 250 милиони долари. Последната сезона на Русинката беше најуспешена со 29,7 милиони долари од јуни 2014-та до јуни 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП