21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар летово преговарал со Манчестер Јунајтед

Нејмар летово преговарал со Манчестер Јунајтед

cigan 0001

Напаѓачот на Барселона Нејмар, во изјава за ESPN Brasil, открил дека во летниот преоден рок преговарал со Манчестер Јунајтед.

„Разговаравме, но немаше ништо конкретно. Слушнав дека била испратена понуда, но ниту една не стигна до мене“, рекол Нејмар.

Во финишот на летниот преоден рок се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 150 милиони евра за Бразилецот.

Наместо Нејмар, Манчестер Јунајтед за сума од 81,5 милиони евра од Монако го донесе Ентони Мартијал, кој на почетокот одлично се вклопи во составот на Луј Ван Гал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП