14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМета Ворлд Пис се врати во НБА лигата

Мета Ворлд Пис се врати во НБА лигата

meta vorld pis

Мета Ворлд Пис, во минатото познат како Рон Артест, потпиша едногодишен, негарантиран договор со ЛА Лејкерс.

Некогаш најдобриот дефанзивец во НБА лигата, последниот меч во најквалитетната лига го одиграл во февруари 2014 година, а како што пренесуваат американските медиуми, Лејекрси потпишаа договор со него за тој да му биде ментор на младиот Џулиус Рендл.

Рендл, минатата сезона на првиот натпревар се здоби со тешка повреда на стапалото и ја заврши сезоната.

Артест е висок 201 сантиметар, има 35 години, а дресот на Лејкерси го носеше во период од 2009 до 2013 година. Последната година тој ја мина во Кина и во италијанскиот прволигаш Канту.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП