23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолитиката го пролонгира почетокот на АБА лигата

Политиката го пролонгира почетокот на АБА лигата

aba liga 33

Затворањето на границите меѓу Србија и Хрватска коешто произлезе од бегалската криза, би можело да го одложи почетокот на регионаланта АБА лига.

Стартот на лигата е закажан за 1-ви октомври, почетокот може да биде пролонгиран по одлуката на Хрватска да им го забрани влезот во државата на српските државјани.

Во АБА лигата учествуваат три екипи од Хрватска и четири од Србија, а речиси сите останати тимови во своите редови имаат играчи со српски пасоши.

Првиот српско-хрватски дуел е закажан за 6-ти октомври кога Црвена ѕвезда треба да гостува во Задар.

Исто така, актуелниот првак во АБА лигата, Црвена ѕвезда во моментов се наоѓа во Задар каде учествува на силен подготвителен турнир, но членовите на раководството на клубот кои во четвртокот требало да пристигнат во Задар, поради блокадата не отпатувале за Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП