20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург посакува победа против Шафхаузен

Металург посакува победа против Шафхаузен

metalce

Ракометарите на Металург против Кадетен Шафхаузен, ќе ја отворат сезоната на домашен терен во Лигата на шампионите. Двата тима, минатиот викенд, со порази стартуваа во Д групата, Металург загуби во Украина од Мотор Запорожје (24:30), додека Шафхаузен загуби како домаќин од норвешки Елверум (30:31).

Поразот на Шафхаузен во првото коло тоа дополнително ќе му ја отежни работата на Металург, бидејќи според тренерот Лино Червар, швајцарскиот тим во Скопје ќе бара рехаблитација за тој пораз.

„Ние нема со бело знаме да излеземе на овој меч. Сигурно дека добар резултат ќе биде добар за самодовербата и ќе биде добро доколку добиеме поддршка од публиката која многу ќе им значи на овие момци“, рече на прес конференцијата тренерот на Металург.

Тој информира дека Шафхаузен е цврст тим, кој форсира зона 6-0 во одбраната, додека играта во нападот најмногу зависи од соработката помеѓу Унгарецот Часар и пивотот Кох.

„Имаме еден млад тим, колку и да сме млади секогаш сакаме да победиме. Нема да ни биде лесно особено во Лигата на шампионите, каде 80 отсто од тимот го сочинуваат млади играчи од 19, 20, 21 година. Добро е за нас што оваа сезона преку недела играме и во домашното првенство. Добар тим кој е најголем авторитет во швајцарскиот ракомет. Австриецот Мариновиќ им е голман, Линегер е добро крило, многу е опасен пивотот Кох кој одлично соработува со средниот бек Часар, кој е мозок на тимот. Играат 6-0 во одбраната, ги трениера поранешниот германски репрезентативец Бауер“.

Слично како и тренерот Червар и Жарко Пешевски најави дека тој и соиграчите ќе го дадат максимумот за да стигнат до триумф.

„Ние сме подготвени за овој меч, имаме добра атмосфера во тимот. Максимално мотивирано и борбено ќе влеземе во овој меч, кој многу ни значи бидејќи е прв на домашен терен. Посакувам да имаме добра поддршка од трибините“, рече капитенот на Металург.

Дуелот помеѓу Металург и Кадетен Шафхаузен ќе се одигра во сабота (17:30 ч), во арената „Борис Трајковски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП