21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини ќе стане Менаџер?

Манчини ќе стане Менаџер?

mancini 000

Со оглед дека досега беше „само тренер“, Манчини најверојатно ќе добие значително поголема слобода на клупата на Интер.

Италијанскиот клуб ја разгледува можноста на Роберто Манчини да му овозможи во стилот на англиските клубови, како менаџер да го води својот тим.

Генералниот директор, Марко Фасоне минатата недела го напушти клубот и денеска „Газета дело Спорт“ истакнува дека неговото заминување значи дека Манчини ќе добие нови овластувања во клубот.

Позицијата која ќе ја извршува ќе биде многу слична на улогата на менаџер во Премиерлигата, со директна врска со директорите на клубот и поголема слобода во активностите поврзани со преодните рокови и доведувањето на засилувања.

Споменатиот извор јавува дека Ерик Тохир веќе разговарал со Манчини во врска со ова прашање и дека се очекува одговор од страна на италијанскиот експерт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП