15 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоколку си замине Вилjа, Агуеро е неговата замена

Доколку си замине Вилjа, Агуеро е неговата замена

aguero-barcelona-villa-atletico-madrid

Управата на Барселона несака да ги остави работите на случајност, како подоцна би се нашле во непријатна ситуација.

Па така тие не сакаат во последен момент да бараат солуција, доколку некој од играчите ги стави пред таканаречениот „свршен чин“. Управата на католонскиот клуб веќе го разработи работниот план доколку Давид Вилја одлучи да не ја продолжи соработката.

Приоритет на Андони Зубизарета и на стручниот штаб во наредните недели ќе биде потпишувањето на нов договор со Вилја, но сепак има малку сомнеж во врска со ова прашање.

Поранешниот играч на Валенсија досега не одговараше на ова прашање, а се знае дека многу премиерлигашки клубови покажаа голем интерес за него.

Доколку Вилја го продолжи договорот се ќе остане како и досега, но од Барселона имаат и план Б, а како приоритет за негова замена веќе гледаат во играчот на Манчестер Сити, Кун Агуеро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП