23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајмоќните спортски менаџери во светот за 2015-та

Најмоќните спортски менаџери во светот за 2015-та

mednes 00

Магазнот „Форбс“ објави листа на спортски менаџери кои најмногу заработиле во 2015-та година, а лидер кога е фудбалот во прашање е најпознатиот агент на светот, Жорге Мендеш.

Португалецот кој застапува ѕвезди како Кристиано Роналдо, Хамес Родригез, Радамел Фалкао, Диего Коста, Ди Марија, Давид де Геа во 2015-та година заработил 85 милиони евра и е втор на листата.

men najbogat 22

Прв кој заработил 20 милиони евра повеќе е Скот Борас, апсолутниот крал на пазарот кога е безболот во прашање и тој е број еден во светот на спортските менаџери, додека третото место му припаѓа на Том Кондон, човекот кој се грижи за кариерите на најголемите ѕвезди во американскиот фудбал.

Четвртото и петтото место им припаѓа на европски менаџери, па тука е Џонатан Барнет со заработка од 40 милиони евра годишно. Овој човек ги застапува Герет Бејл, Лук Шо, Џо Харт и други.

На 5-то место е Германецот Фолкер Штрут, а неговите најголеми ѕвезди се неговите сонародници Ројс, Геце, Тони Крос… Тој во тековната година заработил 38 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП