ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајцарија ќе го екстрадира Ескивел

Швајцарија ќе го екстрадира Ескивел

VENEZUELA COPA AMERICA

Министерството за правда на Швајцарија позитивно одговори на барањето на американските власти за екстрадикција на членот на ФИФА од Венецуела, Рафаел Ескивел, кој беше уапсен во мај годинава под обвинение за корупција.

Ескивел има рок од 30 дена да ја обжали оваа одлука на швајцарското министерство за правда.

„Ескивел е обвинет дека примил поткуп од неколку милиони долари за продажба на маркетинг правата за Копа Америка 2007, 2015, 2016, 2019, 2023“, се вели во соопштението на швајцарското министерство за правда.

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Венецуела е еден од седуммината високи функционери на ФИФА кој по барање на американскиот ФБИ беа уапсени на 27-ми мај во Цирих.

Доколку биде осуден за примање на поткуп и рекетирање на Ескивел му се заканува 20-годишна затворска казна.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП