25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал преку Билбао до врвот на Примера

Реал преку Билбао до врвот на Примера

reret

Фудбалерите на Реал Мадирд ги освоија трите бода на „Сан Мамаеш“ и се искачија на лидерската позиција во Примера. Реал има 13 бодови и подобра гол разлика од Селта, која ретходно ја прегази Барселона со 4:1.

Победата и трите бода на ‘кралскиот тим’ му ја донесе Карим Бензема кој беше стрелец во 19. и 70.минута.

Францускиот репрезентативец во 19.минута го искористи подарокот на Сан Хозе и од непосредна близина го матираше Ираизос. во 70.минута Бензема одлично реагираше по додаваето од Иско и од непосредна близина ја погоди мрежата на Атлетик.

Единствениот гол за Баскијците го постигна Сабин во 67.минута.

Претходно Селта на „Балаидос“ ја декласираше Барселона со 4:1. Мечот во Виго беше решен за само четири минути, најдобриот играч на Селта, Нолито во 26.минута постигна брилијантен гол, а четири минути подоцна тој му го намести вториот гол на Аспас.

Истиот играч зголеми на 3:0 во 56.минута, откако на маестрален начин се ослободи од Дани Алвеш.

Барса преку Нејмар успеа да намали во 80.минута, но само три минути подоцна по асистенцијата на Маљо, деби голот во Примера го постигна младиот Швеѓанец Гвидети и го постави конечниот резултат.

Реал е лидер на табелата со 13 бодови и гол разлика 14:1, Селта исто така има 13 бодови, но гол разлика 14:6, следуваат Атлетико Мадрид и Барселона со 12 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП