19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХофенхајм стави крај на серијата на Борусија

Хофенхајм стави крај на серијата на Борусија

хофехофе

Фудбалерите на Борусија Дортмунд во шестото коло ги загубија првите два бода во Бундеслигата, Хофенхајм го освои првиот бод, а првите победи ги запишаа Менхенгладбах и Штутгарт.

Хофенхајм успеа да стави крај на серијата од пет победи во која се наоѓаше екипата од Дортмунд. По шестото коло само минхенски Баерн има максимален учинок. Домаќинот стигна до предност преку Руди во 42.минута, а израмни Обамејанг во 55.минута.

Менхенгладбах до првата победа и првите бодови во сезоната стигна со победата над Аугзбург од 4:2. Сите голови домашните играчи ги постигнаа во првото полувреме (Џонсон, Џака, Стиндкл, Дахуд), додека стрелец на головите за Аугзбург беше Вехаег.

Штутгарт првата победа во сезоната ја забележа во Хановер. „Швабите“ славеа со 3:1, Гентер, Вернер и Максим ги постигнаа головите, откако Хановер поведе со голот на Караман.

Голот на Чичарито Ернадез беше доволен за минимална победа на Баер Леверкузен над Мајнц, а Шалке со головите на Матип и Сане го совлада Ајнтрахт со 2:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП