6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона прегазена на „Балаидос“

Барселона прегазена на „Балаидос“

селсел

Фудбалерите на Селта ја декласираа Барселона со 4:1 во петтото коло во Примера. Барселона го запиша првиот пораз во шампионатот, додека Селта сеуште не знае за пораз и со 13 бодови се искачи на врвот на табелата.

Домаќините на „Балаидос“ одигра беспрекорен натпревар, на голот го имаше одличниот Алварез, максимално ги користеше своите шанси и на крајот заслужено го порази ктуелниот шпански и европски првак.

Од друга страна Каталонците делуваа анемично, а катастрофално лоши во одбраната беа Пике, Дани Алвеш и голманот Тер Штеген.

Мечот во Виго беше решен за само четири минути, најдобриот играч на Селта, Нолито во 26.минута постигна брилијантен гол, а четири минути подоцна тој му го намести вториот гол на Аспас.

Истиот играч зголеми на 3:0 во 56.минута, откако на маестрален начин се ослободи од Дани Алвеш.

Барса преку Нејмар успеа да намали во 80.минута, но само три минути подоцна по асистенцијата на Маљо, деби голот во Примера го постигна младиот Швеѓанец Гвидети и го постави конечниот резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП