18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар по пенал рулетот го освои трофејот во Суперкупот

Вардар по пенал рулетот го освои трофејот во Суперкупот

вардар-фудб

Фудбалерите на Вардар го освоија Суперкупот на Македонија, откако по изведувањето на пенали славеа над Работнички со 5:4. Натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши со резултат 1:1.

Актуелниот првак Вардар го отвори резултатот во 11.минута преку Филип Ивановски, а Работнички израмни во 47.минута кога капитенот Баже Илијоски го совлада Гачевски.

Во пенал серијата голманот Гачевски му го донесе трофејот на Вардар, тој ги одбрани ударите на Алтипармаковски и Ристевски во четвртата и петтата серија. Претходно за Работнички сигурни од белата точка беа Цикарски, Вујчиќ и Илијоски.

Голманот на Работнички Шишков му го одбрани ударот на Ивановски во третата серија, а прецисни од белата точка за Вардар беа Хамбарџумјан, Глигоров, Стојков и Фелипе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП