30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Макс Струмица освои бод против Борац

СЕХА: Макс Струмица освои бод против Борац

kempa

Ракометарите на Макс Струмица, во шестиот натпревар во СЕХА лигата, го освоија вториот бод, откако на против Борац од Бања Лука одигра 30:30.

Струмичани на волшебен начин освоија бод, откако во 59.минута од натпреварот Борац имаше предност од три гола (27:30). Босеовски постигна два гола во последната минута, а во последната секунда Малденовски го постави конечниот резултат.

Првото полувреме донесе апсолутно израмнета игра, ниту еден од тимовите немаше поголема предност од еден гол.

Во вториот дел Борац во 35.минута стигна до предноста од три гола (17:20), Струмица израмни во 46-та на 22:22, а четири минути подоцна гостите стигнаа до предност од четири гола (22:26).

Сепак Струмичани не се откажуваа и со малку среќа изборија реми.

Чантурија со 13 голови и голманот Трајковски со 18 интервенции беа најдобрите во екипата на Макс Струмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП