2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвед најплатен играч во Евролигата

Швед најплатен играч во Евролигата

CKBtpE7WwAAoP7I

Кошаркарот на руски Химки, Алексеј Швед е најплатениот играч во Евролигата со годишна плата од 3,4 милиони евра, објави порталот “Euroleague Adventures”.

Зад Русинот, на второто место најплатени европски кошаркари се најде Шпанецот Руди Фенандез од Реал со годишна плата од 2,8 милиони евра, а трет е Англичанецот Џоел Фриленд кој од ЦСКА прима 2,7 милиони евра.

Легендата на Олимпијакос, Василис Спанулис заработува 2,6 милиони евра. По него, со плата од 2,5 милиони евра следат Србите Ненад Крстиќ (Анадолу Ефес) и Милош Теодосиќ (ЦСКА) и Шпанците Хуан Карлос Наваро и Серхио Љуљ (Реал Мадрид).

Во првите десет се најдоа и Тајриз Рајс од Химки со 2,3 милиони евра, и Јан Весели од Фенербахче со плата од 2,2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП