Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот од 19 ракометарки кои се повикани за квалификациските натпревари против Црна Гора, односно Хрватска. на првиот тренинг на репрезентацијата, закажан за 1.октомври.
Првиот тренинг, со кој новиот селектор и репрезентативките ќе ја започнат кампањата за пласман на Еворпското првенство во 2016 година е закажан за 1.октомври, во 18 часот во СРЦ Кале.
Македонските ракометарки се наоѓаат во силна група, покрај Црна Гора и Хрватска противник ќе им биде и Словенија.
Квалификациите Македонија ќе ги отвори во Црна Гора на 7.октомври, а на 10.октомври во Скопје ќе гостува Хрватска.
Голмани: Наташа Антиќ (ЖРК Металург), Драгана Петковска (РК Вардар), Матеа Серафимова (ЖРК Металург), Нина Ладева (РК Вардар)
Крила: Јована Саздовска (ЖРК Металург),Сара Митова (РК Вардар), Наташа Нолевска (РК Вардар), Сара Ристовска (РК Вардар)
Бекови: Дајана Јовановска (ЖРК Металург), Теодора Керамичиева (РК Вардар), Ангела Тодоровска (РК Вардар), Андреа Белеска (ЖРК Металург), Елена Ливриниќ (ЖРК Металург), Душица Георгиевска (Мурат Паша Бел-Турција), Симона Стојановска (РК Вардар), Зорица Десподовска Зорица (ТУС Вајберн-Германија), Елена Ѓорѓијевска (Баја Маре-Романија)
Пикери: Марија Николиќ Марија (ЖРК Металург), Ивана Гакидова (Бањик Мост –Чешка).