9 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКака најплатен играч во МЛС лигата

Кака најплатен играч во МЛС лигата

kaka 00

Бразилецот Кака, кој настапува за Орландо Сити е најплатениот фудбалер во американската МЛС лига. Добитникот на „Златната топка“, за играч на годината во светот во 2007-ма, има годишна плата од 6,66 милиони долари.

Синдикатот на фудбалерите во МЛС лигата ги објави платите во лигата, а според годишниот приход зад Кака се поранешните премиерлигашки ѕвезди, Стивен Џерард и Френк Лампард.

Џерард, кој од оваа сезона е во МЛС лигата, во ЛА Галакси има годишна плата од 6,2 милиони долари, а Лампард во Њујорк Сити заработува 200.000 долари помалку од својот некогашен репрезентативен колега.

Соиграчите на Лампард, некогаш големи ѕвезди на европскиот и светскиот фудбал, Давид Виља и Андреа Пирло имаат годишни плати од 5,6 милиони долари, односно два милиони долари.

Роби Кин и Џовани Дос Сантос кои му се соиграчи на Џерард заработуваат по 4,5 односно четири милиони долари годишно.

Некогашниот соиграч на Лампард од Челзи, Дидие Дрогба, кој летово пристигна во Монтреал Импакт има годишна плата од 1,66 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП