6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорѓевиќ удри по ФИБА: Не ја сакате Србија во борба за медалите

Ѓорѓевиќ удри по ФИБА: Не ја сакате Србија во борба за медалите

sale 00

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, денеска на прес-конференција во Белград истакна дека неговите играчи немале добро судењето во завршницата на Европското првенство.

Србија првенството го заврши на четвртото место, а покрај тоа што остана без медал, таа остана и без директен пласман на Олимписките игри, кој ќе треба да го избори низ дополнителни квалификации.

„Отако го сменивме градот, Берлин за Лил, некои работи ни се отвораа и имавме пречка повеќе која на вакви натпреварувања мора да бидеш подготвен да ја прескокнеш. Тоа влијаеше врз резултатот и на нашиот ментален склоп. Ние во буџетот на Сојузот имаме околу два милиона евра и не можеме многу да направиме на полето на односите на интернационално ниво со ФИБА и со судиската организација. Сведоци сме дека останатите федерации повикуваа други судии на своите натпревари, во Шпанија не судат Шпанци, ниту, пак, во Франција судат Французи. На некои работи ќе мора да реагираме. Сојузот ќе испрати извештај и видео снимки и ќе побара успесите да се почитуваат. Играме фер и коректно и не дозволувам тоа да ни го одземат“, рекол српскиот селектор.

Според него, уште на првиот натпревар со Шпанија, одигран во Берлин, почувствувал дека Србија е непожелна на шампионатот.

„Намерно добив техничка грешка на првиот натпревар, бидејќи забележав што ни се подготвува и дека не сакаат да нé видат во борбата за медали. Србија има желба, мотив, сила, но што има европската кошарка од една мала земја во маркетиншки и финансиски аспект? На глобално ниво Србија на кошаркарскиот пазар е само една трошка во однос на парите кои се вртат таму, па ‘вајлд карти’ се добиваат за големи пари. Ние можеме да се бориме само на кошаркарскиот терен“, дополнува Ѓорѓевиќ.

Селекорот на кошаркарите на Србија уште еднаш го искажа незадоволството што на полуфиналниот натпревар со Литванија, еден од судиите бил Шпанец, иако ден предтходно Шпанија обезбеди пласман во финалето.

Тој рекол и дека Тони Паркер на Милош Теодосиќ му рекол дека судиите покажуваат доволен респект кон него.

Ѓорѓевиќ на прес-конференцијата потврди дека Кошаркарскиот сојуз на Србија ја истакнал кандидатурата за организација на еден од квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП