5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе: ЕП на кружни патеки е предзвик исто како и „Златната кацига“

Иџе: ЕП на кружни патеки е предзвик исто како и „Златната кацига“

idze-2-615x400

Старо-новиот европски шампион на ридски патеки, автомобилистот Игор Стефановски – Иџе, кој доминантно, со десет победи на 12 трки, ја одбрани титулата, денеска имаше прием во Агенцијата за млади и спорт (АМС), каде се сретна со директор Марјан Спасески.

„Ова е дефинитивно најдобрата сезона во мојата кариера. Огромен успех се десетте победи, на 12-те трки. Поставив девет рекорди на патеките што не е забележано во категоријата 1. Претпоставувам дека ги оправдавме очекувањата на нашите фанови. Направивме македонското знаме да биде препознатливо на сите тие настани. Се надевам дека по сиве овие успеси ќе успееме да ѝ донесеме на Македонија и една светска титула“, рече Иџе.

Двете титули на ридските патеки не минаа незабележително во ФИА, од каде Иџе доби покана од наредната сезона да учествува Европскиот шампионат на кружни патеки, кој што е најголем во тој ранг, а чии трки се пренесуваат во живо на познатиот спортски канал Eurosport. Настапот во овој шампионат се еден вид влезница за учество во светскиот шампионат.

„Тоа е посериозно првенство во секој поглед, логистиката е посериозна. Според некои математики што ги правевме, за учество ќе бидат потребни меѓу 250 до 300 илјади евра. Тоа е многу за наши услови, а станува збор за една минимална сума. Постои надеж дека ќе собереме финансии и ќе учествуваме во тој шампионат“, рече автомобилистот.

Крајниот рок до кога Иџе треба да го потврди учеството во европскиот шампионат на кружни патеки е 15-ти декември.

„Поканата е добиена по сите мои успеси и резултати. ФИА ги следи внимателно ридските трки. Јас сум веќе препознатлив таму, добив честитки од високи функционери во ФИА, но поканата треба да се потврди до крајот на годината. Во тоа првенство е ограничен бројот на натпреварувачи и доколку е обезбеден бројот на натпреварувачи потоа не може да се влезе“, појасни Стефановски.

Доколку не успее да обезбеди финансиски средства за настап во Европскиот шампионат на кружни патеки, тогаш Иџе и наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на ридски патеки и ќе се обиде да ја освои „Златната кацига“, која му се доделува на оној возач кој во три сезони последователно ќе ја освои титулата.

„Последно пред 11 години се случи некој да ја одбрани титулата , а никој не успеал во три последователни сезони да освои три титули. Нико Пулиќ од Хрватска осовил три титули но не едно подруго, јас би сакал ние да го направиме тоа, а награда би била ‘Златната кацига’, најголемото признание во автомобилизмот. Ќе повторам, за ова првенство сме и повеќе од подготвени, но јас би сакал да се испробаме во Европскиот шампионат на кружни патеки кој е многу поатрактивен“, рече Иџе.

Иџе, според критериумите на АМС е спортист од светска категорија, тој и во наредните следните четири години ќе добива паричен надомест во висина од две просечни плати, а по завршувањето на кариерата ќе го потврди националното спортско признание и до крајот на својот живот ќе добива паричен надоместок во висина на една просечна плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП