17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа Англија и се заканува да загуби едно место кое води во...

На Англија и се заканува да загуби едно место кое води во ЛШ

premier-league-generic

Англиската Премиерлига е под закана да го загуби своето четврто место за Лигата на Шампионите од сезоната 2017-18 година. Причината за тоа е слабата презентација на тимовите од Англија во последно време на евротурнирите.

Англиски тим не стигнал до 1/4-финалето во Лигата на Шампионите во две од последните три сезони. Ако на ова го додадеме и фактот дека во оваа сезона во Лига Европа, Англија остана само со двајца претставници во лицето на Тотенхем и Ливерпул, ситуацијата не изгледа воопшто розова.

Последните пресметки покажуваат дека засега Премиерлигата го задржува третото место на табелата според коефициентот во последните 5 сезони. Лидери остануваат шпанска Примера и Бундеслигата на Германија. Четвртата позиција пак е за италијанската Серија „А“, која е на 4 поени зад Англија. Првите три држави имаат право на 4 тима во ЛШ.

Ако сепак дојде до нов неуспех на англиските тимови, а во исто време италијанските тимови продолжат со својот подем, нема да е изненадување ако Серија „А“ ја престигне Премиерлигата во ова рангирање.

Во првите натпревари од оваа година во групите од ЛШ, резултатите на тимовите од Островот до моментов се фрустрирачки, затоа што само Челзи забележа победа, а другите три претставници беа поразени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП