3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРафиња опериран, му претстои шестмесечна рехабилитација

Рафиња опериран, му претстои шестмесечна рехабилитација

rafinja 333

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, успешно е опериран по тешката повреда на коленото, објави актуелниот шпански и европски првак.

Играчот од средниот ред, минатата среда, на мечот во Лигата на шампионите против Рома (1:1), ги скина вкрстените лигаменти во десното колено. Според лекарскиот тим на 22-годишниот фудбалер му претстои шестмесечен период на рехабилитација.

И покрај тешката повреда, раководстото на Барселона најави дека ќе го продолжи договорот со Рафиња, кој во клубот пристигна како 13-годишно момче од Сао Паоло.

Оваа сезона Рафиња за Барса има одиграно шест натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП