5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан победи во Удине, деби гол на Балотели (видео)

Милан победи во Удине, деби гол на Балотели (видео)

baloteli

Фудбалерите на Милан како гости го совладаа Удинезе со 3:2, во првиот натпревар од петтото коло во Серија А. Милан на „Фриули“ ја запиша првата гостинска победа во првенството, вкупно трета во сезоната.

Милан одлично го запона натпреварот по десет минути игра стигна до предност од 2:0, а на полувреме замина со три гола позитива. Балотели прв пат во сезоната беше стартер и на довербата од тренерот возврати со прекрасен гол од слободен удар во петтата минута.

Бонавентура зголеми на 2:0, а Запата во првата минута од судиското продолжение го постигна третиот гол за Милан.

Сепак во второто полувреме Удинезе тргна многу поофанзивно и до 58.минута со головите на Баду и Запата намали на 2:3.

До крајот на мечот Милан ја чуваше предноста и стигна до третата победа во првенство.

Среда, 23.септември: Карпи-Наполи, Фиорентина-Болоња, Интер-Верона, Палермо-Сасуоло, Лацио-Џенова, Јувентус-Фросиноне, Сампдорија-Рома

Четврток, 24.септември: Емполи-Аталанта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП