19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКанонада на Левандовски, пет голови за девет минути (видео)

Канонада на Левандовски, пет голови за девет минути (видео)

levandovski

Напаѓачот на Баерн Минхем Роберт Левандовски го воодушеви фудбалскиот свет, откако на дерби мечот со Волфсбург за девет минути постигна пет голови.

Дербито на „Алианц арена“, тренерот на Баерн, Пеп Гвардиола го започна без Левандовски во стартниот тим, а гостите по првото полувреме имаа предност од 0:1 со голот на Калиџури во 26.минута.

Во второто полувреме Гвардиола направи две измени, ги остави Бернат и Алкантара во соблекувалната, а на теренот ги испрати Хави Мартинез (кој по долгата пауза се врати во тимот) и Левандовски и ја смени формацијата на својот тим што му донесе убедлива победа.

Канонадата полскиот репрезентативец ја започна во 51-та, а ја заврши во 60-та минута. Левандовски во досегашните пет кола три пати беше стрелец, а само на овој меч постигна пет голови.

Левандовски влезе во историјата на Бундеслигата, како фудбалер кој најбргу постигнал пет голови на еден натпревар и е единствениот кој пет голови постигнал на еден меч влегувајќи како замена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП