14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФА го поништи црвениот картон на Габриел Паулиста

ФА го поништи црвениот картон на Габриел Паулиста

crven-karton-gabriel

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го поништи црвениот картон кој играчот на Арсенал, Габриел Паулиста, го доби во саботата на дербито со Челзи.

Паулиста беше исклучен откако влезе во вербален дуел со напаѓачот на ‘сините’ Диего Коста. Паулиста застана во одбрана на соиграчот Кошчелни со кого Коста ја започна кавгата.

ФА соопшти дека Габриел Паулиста е под истрага поради друг инцидент. Бразилецот оваа одлука може да ја обжали најдоцна до четврток.

Во исто време ФА потврди дека против Диего Коста се води истрага поради насилничко однесување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП