12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар и Работнички ќе се борат за трофејот во Суперкупот

Вардар и Работнички ќе се борат за трофејот во Суперкупот

super kup mk

Актуелниот шампион Вардар и освојувачот на Купот Работнички, во среда, на „Филип Втори“ ќе се борат за трофејот во фудбалскиот Суперкуп на Македонија. Супер купот се игра во невообичаен термин, со него требаше да биде отворена новата сезона, но поради обврските на Работнички во Лига Европа, истиот ќе се одигра утревечер.

„Противник ќе ни биде тимот кој најдобро ја претстави Македонија во европските купови. Го респектираме противникот, но веруваме во нашиот квалитет и верувам дека можеме да го освоиме пехарот“, изјави на прес конференцијата капитенот на Вардар Никола Глигоров.

За неговиот колега од спротивниот табор терминот за одигрување на Суперкупот е невообичаен, но дека Работнички ќе се обиде да го освои трофејот.

„Суперкуп натпревар кој доаѓа на средина од првенството, натпревар за уживање, мислам дека натпреварот нема некое поголемо значење. Очекувам добар натпревар, ќе се обидеме да го освоиме пехарот“, рече Илијоски.

Суперкупот ќе биде увертира пред првенствениот дуел на двата тима, кој ќе се одигра в недела. Тренерите Седловски и Ангеловски се уште имаат одредени дилеми околу стартниот состав. Вардаровиот стратег по последниот тренинг ќе реши со кои играчи ќе стартува во среда, додека од здравствениот билтен ќе зависи со кои единаесетмина ќе истрча Работнички. Формата на Работнички е во надолна линија, а Ангеловски се надева дека токму Суперкупот може да биде враќање на Работнички на победничките патеки.

„Играат две квалитетни екипи, очекувам еден квалитетен натпревар и на крајот подобриот нека го освои Суперкупот. Го респектираме Вардар, тоа е нашиот најтрофеен клуб, кој има одлични фудбалери, но јас верувам во моите играчи, очекувам да го дадеме максимумот и на крајот ние да бидем тие кои на крајот ќе го освојат трофејот. За нас тоа беше очекувано, да одиграш осум натпревари за неполни два месеци со европски ритам, тоа еднакво на одиграна полусезона во Македонија. Ваквиот пад на формата беше очекуван, неочекувани се некои повреди кои ни се случија. Се надевам дека Суперкупот ќе биде излез од таа криза“, вели тренерот на Работнички, Игор Ангеловски.

„Играме со екипа која добро ја познаваме, екипа која игра добар фудбал и која добро се престави во Европа. Очекувам добар натпревар, а подобриот нека победи на крајот. Вардар на секој меч излегува со цел да победи. Не сметам дека е товар тоа што на секој меч не сметаат за фаворити, имам искусни фудбалери во тимот кои знаат да се носат со таков притисок“, изјави предводникот на Вардар, Гоце Седловски.

Суперкуп натпреварот на Националната арена „Филип Втори“, во среда ќе започне во 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП