8 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГо измами Челзи, преминува во Реал!

Го измами Челзи, преминува во Реал!

China v Uzbekistan, Asian Cup Group B football match, Brisbane, Australia - 14 Jan 2015

Првото засилување во јануарскиот преоден рок за Реал Мадрид ќе биде млад кинески фудбалер.

Жанг Линпенг пред само неколку месеци го договори трансферот во Челзи истакнувајќи во медиумите во Кина дека работел напорно и дека со нетрпение чека да се придружи на екипата која ја предводи Жозе Мурињо.

Сепак, денеска повеќето кинески медиуми ја пренесоа информацијата дека овој фудбалер кој игра на позицијата штопер ќе премине во Реал Мадрид од Гванжу во јануари без обесштетување.

Позицијата штопер е примарна за овој 26-годишен фудбалер, но добро се снаоѓа и на позицијата лев бек.

Овој играч има и 46 настапи за репрезентацијата на својата земја.

Кинеските медиуми пренесуваат дека работата е веќе договорена и дека дефинитивно Рафа Бенитез ќе добие засилување во видот на овој фудбалер кого медиумите го нарекуваат „Серхио Рамос од Кина“.

Кој разбира кинески, еве и доказ. Кој не разбира, ќе ги видите претставниците од Кина кои преговараат со Флорентино Перез околу трансферот на овој фудбалер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП