18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ја одби Барселона за Арда Туран

ФИФА ја одби Барселона за Арда Туран

arda barsa

По тешката повреда на Рафиња, фудбалскиот клуб Барселона ги подготви документите за предвремена регистрација на Арда Туран, но ФИФА одби да го регистира фудбалерот сé додека трае суспензијата на каталонскиот клуб.

Барселона, поради малверзации во трансферите на млади фудбалери, од ФИФА доби едногодишна суспензија, која истекува во јануари наредната година. Сепак, поради повредата на Рафиња, Каталонците сметаа дека се создадени услови да регистрираат нов фудбалер, но ФИФА го одби барањето.

Барселона во летниот преоден рок ги купи Арда Туран од Атлетико Мадрид и Алеш Видал од Севилја, кој со право на настап ќе се стекнат на почетокот на 2016 година.

Инаку Шпанската фудбалска федерација позитивно одговори на барањето од Барселона, кое подоцна ФИФА категорично го одби.

Рафиња ги скина вкрстените лигаменти во десното колено на мечот со Рома во Лигата на шампионите и поради таа повреда за него оваа сезона е завршена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП