7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Коста се соочува со суспензија (видео)

Диего Коста се соочува со суспензија (видео)

diego-costa

Два дена топ фудбалска тема во Англија е напаѓачот на Челзи, Диего Коста, човекот кој (ин)директно влијаеше врз резултатот во лондонското дерби меѓу Челзи и Арсенал (2:0).

Диего Коста има незгоден карактер, противничките дефанзивци ги тероризира со провокации, ова го знаат сите на Островот, со исклучок на Габриел Паулиста.

Бразилецот во финишот на првото полувреме делуваше како тинејџер и наседна на провокациите на својот сонародник, поради што доби црвен картон.

Диего Коста во борба за позиција трипати по лицето го удри Лорен Кошчелни, потоа и вербално го нападна. Ова не беше доволно судијата Мајк Дин со жолт картон да го санкционира ооднесувањето на Коста, на кое Кошлечни не наседна, но на провокациите падна Габриел Паулиста.

Тој најпрвин застана во одбрана на својот соиграч, тогаш Дин на двајцата им подели по жолт картон, но Габриел тука не застана, изнервиран од расправијата, со намера го згазна противникот, четвртиот судија тоа го забележа, па Дин му го покажа патот во соблекувалната.

Иако Дин не го забележа најдобро однесувањето на Коста, Англискиот сојуз (FA) покренал постапка со која ќе го истражи целиот случај и, според медиумите во Англија, му се заканува суспензија од најмалку три натпревара.

Интересно, по натпреварот менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, го пофали настапот на својот напаѓач. „Мислам дека беше одличен, Коста беше играч на натпреварот“, рече Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП