15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик во тимот на колото

Штербик во тимот на колото

arpad sterbik 01

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, по брилијантната партија која ја пружи против Монпелје, се најде во идеалниот тим на првото коло во Лигата на шампионите.

Штербик натпреварот во Монпелје, на кој Вардар победи со 30:25, го заврши со 17 успешни одбрани.

Покрај Штербик во идеалната постава се најдоа уште левото крило на Фленсбург Андрес Егерт, левиот бек на норвешки Елверум Лука Митровиќ, Деан Бомбач од ПИК Сегед на позицијата среден бек, Холгер Гландорф од Фленсбург на позицијата десен бек, десното крило на Кристијанштад Кристијан Бјорнсен и пивотот на Висла Тиаго Роча.

Инаку, Лигата на шампионите продолжува наредниот викенд, македонските преставници ќе бидат домаќини во второто коло, Вардар во Б групата, на 27-ми септември, ќе игра против ПИК Сегед, додека Металург ден претходно, во Д групата, ќе го пречека тимот на Кадетен Шафхаузен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП