17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрво Девис куп финале за Белгија по пауза од 111 години

Прво Девис куп финале за Белгија по пауза од 111 години

dejvis-kup-belgija

Тениската репрезентација на Белгија избори пласман во финалето на Девис купот. Бегијците, во Брисел, славеа со 3:2 над Аргентина, а решавачкиот поен го освои Стив Дарсис кој со 3:1 (6:4, 2:6, 7:5, 6:2) го победи Федерик Делбонис.

Белгија последен пат во финалето на Девис купот играла пред 111 години, односно во 1904 година.

„Ова е еден од најголемите моменти во мојата кариера. Атмосферата беше неверојатна“, изјавил херојот Дарсис.

Противник на Белгија во финалето ќе и биде репрезентацијата на Велика Британија, која предводена од Енди Мари со 3:2 славеше над Австралија.

Финалето во Девис купот ќе се игра од 27. до 29.ноември, а домаќин ќе биде Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП