
Пау Гасол очекувано го понесе МВП признанието за најкорисен играч на Европското првенство, кое со триумф на Шпанија во неделата заврши во Франција.


Пау Гасол очекувано го понесе МВП признанието за најкорисен играч на Европското првенство, кое со триумф на Шпанија во неделата заврши во Франција.
Крилниот центар во 35-та година од животот веројатно го одигра својот најдобар Евробаскет во кариерата. Беше вистински лидер на својот тим и со својата игра продонесе да не се почуввствува отсуството на неколкумина важни играчи во шпанскиот состав (Марк Гасол, Рубио, Калдерон, Наваро, Абринес).
Гасол ЕП во Фрнација, го заврши со просечни 25, 6 поени и 8,6 скокови по натпревар.
Покрај Гасол место во идеалниот тим на првенството се најдоа уште Серхио Родригез (Шпанија), Нандо Де Коло (Франција), Јонас Мачуилис (Литванија) и Јонас Валнчиунас (Литванија).