12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари ја однесе Британија во финалето на ДК

Мари ја однесе Британија во финалето на ДК

endi-mari

Тениската репрезентација на Велика Британија се пласира во финалето на Светската група во Девис купот, откако во полуфиналето со 3-1 славеше над Австралија.

Херој на Британците, во полуфиналето чиј домаќин беше Глазгов, беше Енди Мари, кој ги донесе сите поени за својата репрезентација.

Решавачката победа Мари ја забележа над Бернард Томиќ 7:5, 6:3, 6:2.

Претходно третиот светски рекет славеше над Танаси Кокинакис 6:3, 6:0, 6:3, а во саботата заедно со својот брат Џими во двојки ги победија Сем Грот и Лејтон Хјуит со 4:6, 6:3, 6:4, 6:7, 6:4.

Британците титула во Девис купот немаат освоено од далечната 1936 година, вкупно в историјата девет пати ја освојувале титулата во ова натпреварување.

Британија во финалето, кое е на програмата од 27. до 29.ноември, ќе му биде домаќин на победникот од полуфиналето помеѓу Аргентина и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП