4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција преку Србија до бронзата на ЕП

Франција преку Србија до бронзата на ЕП

francija-bronza

Домаќинот на Европското првенство во кошарка, Франција го освои бронзениот медал. ‘Триколорите’ во малото финале славеа над Србија со 81:68 (16:16, 21:16, 21:12, 23:24).

Во дуелот на селекциите кои испаднаа од борбата за најсјаното одличје, Франција прашањето на победникот го реши во третиот период, во кој во еден момент стекна предност од 16 поени (58:42).

Франција од самиот почеток го контролираше натпреварот, Србија само на моменти успеваше да се врати во мечот и да држи резултатски приклучок, но безидејната игра и форсирањето на шутот за три поени ја однесе оваа репрезентација во пораз.

Де Коло, кој на овој турнир беше најдобриот француски играч со 20 поени беше најефикасен на натпреварот. Двоцифрен број на поени кај домаќинот постигнаа Гобер (15 поени, 14 скока), Фурние (15 поени, 5 скока) и Паркер (13 поени, 4 асистенции).

Богдановиќ ја предводеше Србија со 14 поени, а двоцифрен број на кошеви постигнаа уште Бјелица (12 поени, 6 скока, 3 асистенции) и Радуљица (11 поени, 8 скока).

Големото финале, помеѓу Шпанија и Франција, по кое ќе биде познат новиот европски првак ќе започне во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП