21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар против Монпелје ја отвора сезоната во ЛШ

Вардар против Монпелје ја отвора сезоната во ЛШ

var

Ракометарите на Вардар, денес ќе ја започнат новата сезона во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион, во 17 часот, ќе ги одмери силите со Монпелје.

„Црвено-црните“ во комплетен состав ќе му се спротивстават на францускиот тим во чии редови ќе недостига бекот Гребиј.

Инаку овие две екипи и минатата сезона играа во фазата по групи во ЛШ, во Монпелје мечот заврши нерешено, додека Вардар во Скопје славеше со четири голови разлика.

Сите во таборот на Вардар се согласни дека важно е сезоната, во која главна цел е пласман на завршниот турнир, да се започне со победа.

„Важно е добро да отвориме против Монпелје, да всадиме во екипата еден победнички менталитет и со тоа да ја кренеме самодовербата. Нема лесен противник, особено во овој нов систем“, вели средниот бек на Вардар Лука Циндриќ.

Инаку во Б групата покрај натпреварот Монпелје-Вардар ќе се одиграат и дуелите ПИК Сегед-Киелце и Рајн Некар Ловен-Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП