21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Металург во Украина против Мотор Запорожје

ЛШ: Металург во Украина против Мотор Запорожје

metalurg n

Ракометарите на Металург во Украина ќе ја започнат новата сезона во Лигата на шампионите. Металург, в сабота, за противник ќе го има тимот на Мотор Запорожје.

Целосно новиот тим на Металург, различен од оној кој минатите сезони играше во елитното натпреварување, ќе се обиде да го изненади поискусниот противник.

Металург оваа сезона го има вториот најмлад тим во Лигата на шампионите, па поради тоа и тренерот Лино Червар улогата на фаворит му ја препушта на домаќинот, тој вели дека во Украина неговиот тим ќе собира искуство и дека нема да се предаде без борба.

Покрај Металург и Мотор Запорожје во Д групата уште партиципраат Елверум, Баја Маре, Скјерн и Кадетен Шафхаузен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП