Изненадувачки информации се појавија денеска во турските медиуми.
Германскиот репрезентативец Месут Озил на крајот на сезоната би можел да си замине од Арсенал.
За ова зборуваше неговиот агент Еркут Сугут, кој на турските медиуми им откри дека следната дестинација на неговиот клиент би можел да биде турски Фенербахче.
„Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната, но доколку се одлучиме за заминувње, тогаш Фенербахче секако ќе биде една од опциите. Сепак, тоа е голем клуб и Озил секако би кажал „ДА“ на евентуалната понуда“, вели Сугут.
На крајот, агентот на Озил, сепак ја „спушти топката“.
„Меѓутоа, се уште е рано да се говори за трансфери“, заклучува тој.