26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛитванија преку Србија избори финале на ЕП и пласман на ОИ

Литванија преку Србија избори финале на ЕП и пласман на ОИ

lit-srb

Литванија ќе и биде противник на Шпанија во големото финале на Европското првенство, откако во вториот полуфинален меч славеше над Србија со 64:67 (17:22, 17:13, 9:13, 21:19). Литванците и го нанесоа првиот пораз на Србите на ова ЕП и воедно изборија пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Кузминскас и Сеибутис со по 13 поени ја предводеа Литванија до победата, додека кај Србија најефикасен беше Теодосиќ со 16 поени.

Србија мечот го отвори со стандардниот напад, Теодосиќ излезе од блокот се намести погоди за три поени. Србите ја држеа предноста до резултат 7:4, кога Литванците направија серија од 0:10 и стигнаа до највисоки седум поени предност (7:14).

Во воедните пет минути Србите погодија само две тројки и едно слободно фрлање, додека Литванците преку Валанчиунас целосно ја контролираа играта под обрачите. Во нападот Калниетис лесно ја пробиваше првата линија на српската одбрана и им овозможуваше на своите соиграчи лесни поени.

До крајот на првиот период Литванија ја задржа предноста 17:22.

На старот од вториот период двете репрезентации не реалзираа по два напади, а потоа Сеибутис постигна пет поени и ја однесе Литванија на 17:26.

Србите се мачеа во нападот, Литванската одбрана делуваше непробојно, во секоја ситуација навремено превземаа, а со поените на Кузминскас стигнаа и до двоцифрена предност (17:28).

Србите првите поени во втроиот период ги постигнаа по три ипол минути игра, но на нивната мини серија од четири поени Литванците одговрија со иста мерка.

Двоцифрената предност Литванците ја одржуваа се до последните две минути од вториот период кога Србите одговорија со серија од девет поени и на полувреме литванската репрезентација замина со само поен предност 34:35.

Паузата добро им дојде на Литванците, кои подобро влегоа во третиот период, во кој Србите промашија шест удари за три поени, во првите четири минути и со серија од пет поени се ‘одлепија’ на 34:40.

Наместо да ја искористат безидејноста на Србите во нападот, Ливанците влегоа во серија на технички грешки, во серија од пет поени на спортивната страна влезе Богдановиќ и намали на поен негатива 39:40.

Литванците не реализираа уште два напади, направија и две технички грешки, па Србија со поените на Радуљица од линијата за слободни и положувањето на Марковиќ стигнаа до предност од 43:40.

Како што стигнаа до предноста Србите така и ја загубија, со една техничка грешка и нерезонскиот шут за три на Недовиќ, па Литванија преку Кузминскас, Валанчиунас, Мачиулис и повотрно Кузмонскас од слободни возврати за 43.48.

Во третиот период Србија имаше шут од поле 3/19, а за три поени 1/11.

Серијата започната во финишот на третиот период Литванците ја продолжија и во решавачката четвртина, со четири поени во серија се ‘одлепија’ на девет поени 43:52.

По минута ипол во последната четвртина Србите поентираа од линијата за слободни фрлања. Инаку Ерцег со погоденото слободно фрлање го прекина постот на Србите кои речиси шест минути немаа постигнато кош.

Без игра и благодарение на техничките грешки на противникот српските играчи на шест минути до крајот се врати во мечот 53:54. Бјелица погоди тројка, а Ерцег реалзираше две слободни.

Литванија за три минути во третата четвртина излезе од бонусот, додека Србија немаше ниту една.

Последните пет минути се играше кош за кош, Себитус во последните две минути промаши два пати за три, Бјелица на 40 секунди до крајот не реалзиираше на положување, потоа Сеибутис погоди од линијата за слободни, а Теодосиќ возврати со тројка на 13 секунди до крајот за 64:65.

Драмата кулминираше во тие последните секунди Сеибутис погоди едно од двете слободни фрлања, Богдановиќ тргна во контранапад се реши на нерезонски шут, а потоа Калниетис од линијата за слободни само ја потврди победата на Литванија 64:67.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП