12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ја одби жалбата на Хрватска

УЕФА ја одби жалбата на Хрватска

kukast-krst-hrvatska-sport

Комисијата за жалби на УЕФА ја одби жалбата на Хрватска на казната според која и е одземен еден бод во квалификациите за ЕУРО, а следните два натпревара ќе ги игра без публика, поради кукастиот крст на стадионот во Сплит за време на натпреварот против Италија.

Покрај тоа што на Хрватска и е одземен еден бод и ќе мора да игра и два натпревари без публика, ќе треба да плати и паричка казна од 100.000 евра. Казната беше изречена уше во јули, но Хрватска имаше право на жалба, додека на денешната одлука нема право на жалба.

Две кола до крајот на квалификациите за ЕУРО 2016, Хрватска го зазема третото место во групата Х, четири помалку од Италија и два помалку од Норвешка.

До крајот на квалификациите, Хрватска ќе игра дома против Бугарија и на гости против Малта.

Директен пласман обезбедуваат првите две репрезентации, додека третата оди во баражот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП