3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо во проблеми поради Ева Карнеиро

Мурињо во проблеми поради Ева Карнеиро

Carneiro_1_3402381a

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо би можел да биде суспендиран на пет натпревари поради сексистичкото однесување кон докторот на „сините“ Ева Карнеиро, пренесе денеска агенцијата АФП.

За време на натпреварот со Свонси, на 8-ми август, кој заврши без победник 2:2, Мурињо грубо и се обрати на Карнеиро која од клупата влета на теренот за да му укаже помош на Еден Азар. Според Мурињо, докторката не требало да влезе на теренот бидејќи со тој гест не му помогнала на тимот.

Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека „примила барање за истрага во врска со инцидентот на мечот помеѓу Челзи и Свонси“, без да прецизира што ќе биде предмет на истрагата.

Веднаш по натпреварот Португалецот ја суспендираше Карнеиро која сè уште не започнала со своите секојдневни обврски.

Според правилата на Фудбалската асоцијација на Англија, играчите и тренерите можат да бидат казнети поради употреба на вулгарен речник и гестови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП