3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал и Барселона влегуваат во спор за Бразилец

Реал и Барселона влегуваат во спор за Бразилец

lukas lima 002

Барселона и Реал Мадрид успеаа уште еднаш да ги судрат интересите на трансферниот пазар.

Шпанските гиганти влегуваат во „лута битка“ за младиот бразилски репрезентативец Лукас Лима.

Напаѓачот е играч на Сантос, а со своите одлични настапи ја доби довербата на селекторот Карлос Дунга, а тоа полека му ги отвора вратите кон најголемите клубови во Европа.

Реал и Барселона веќе водат прелиминарни разговори со Сантос, но покрај нив демне и италијански Наполи. Клубот од Неапол ова лето беше блиску до привлекување на 25-годишниот Лима, но договорот пропадна во последен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП